Сехадет Доко (моминско: Мекули; во — во ) — македонска лекарка, која била прва Албанка што станала лекар во Југославија.
Животопис
Дипломирала во првата генерација на Медицинскиот факултет во Скопје (1947 – јануари 1954). Како студент била демонстратор по наставните предмети Анатомија и Патофизиологија и соработник на Институтот за судска медицина во Скопје. Првин се вработила во приштинската болница, а потоа специјализирала гинекологија и акушерство во Белград (1960). По враќањето, таа била шеф на Одделението за гинекологија во Градскиот диспанзер, а при отворањето на Приштинскиот универзитет, таа била избрана за професор на тамошниот Медицински факултет. Била директор на Клиниката за гинекологија во Приштина (1972-1981) и докторирала на тема „Токсоплазмата кај жената во фертилната возраст во САП Косово“ (Белград, 1974). Основоположник е на списанието „Праксис медика“. Учествувала на повеќе научни собири во земјата и во странство и има објавено над 30 научни трудови. Форумот на жените на Косово ја прогласил за водечка интелектуалка на Косово (1997).
Наводи
Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Косовски лекари Категорија:Косовски Албанци Категорија:Косовски универзитетски професори Категорија:Југословенски лекари Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет