Ели Јаковска (р. во Пробиштип) — македонска фудбалерка, која игра за Конак Беледијеспор во Истанбул, Турција.
Кариера Клупска
Во 2015 година, Јаковска играла за ЖФК Драгон 2014. Таа учествувала во квалификацискиот циклус за жени во Лигата на шампионите на УЕФА 2015–16 - натпревари од групата 2 за ЖФК Драгон 2014. Во 2017 година, таа била капитен на ЖФК Истатов 2015 и го освоила Купот на Македонија.
Потоа се преместила во Турција и потпишала со клубот Бешикташ од Истанбул, на 9 ноември 2017 година. Таа го напуштила клубот откако се појавила на шест натпревари и постигнала три гола. Во Првата женска фудбалска лига на Турција во периодот 2019-2020 година, таа се приклучила на клубот Конак Беледијеспор од Измир.
Меѓународна
Јаковска била член на македонските селекции до 17 и до 19 години; таа моментално игра за македонската репрезентација.
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Пробиштип