Александра Волканоска (моминско: Ставрева; во — во ) — македонски физиолог и универзитетски професор.

Животопис

Дипломирала на Медицинскиот факултет при Белградскиот универзитет во 1933 година.

Работела како практичен лекар и како асистент на Медицинскиот факултет во Белград.

Академската кариера до редовен професор ја продолжува на Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје во 1949 година, посветувајќи се на работата со студентите и обуката на кадарот.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски физиолози