Црквиште — археолошко наоѓалиште во атарот на скопското село Волково, Македонија.
Претставува осамен наод од римско време. Наодот претставува мермерен споменик со двојазичен натпис на старогрчки и латински. Ископан е во месноста Црквиште во 1958 година во нивата на С. Најдовски (самиот од Кучково). Црквиште лежи во источниот дел на волковскиот атар и на 500 метри западно од десниот брег на реката Лепенец.
Поврзано Дубиче — некропола од железното време; Ливада — некропола од римското време; Уши — населба од римското време; и Волково; и Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.
Наводи
Категорија:Волково