Орловица — археолошко наоѓалиште во скопското село Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува населба од неолитското, бронзеното и железното време, што сведочи за мошне раната населеност на ова место. Јован Трифуноски забележал предание меѓу месното население, во кое постои сеќавање дека на ова место постоел „град“ (градиште).Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.131
Местоположба Се наоѓа на 2,5 км југоисточно од Ракотинци и на 2 км источно од с. Добри Дол, на самата атарска граница помеѓу овие две села. Лежи на мала висорамнина образувана на миоценско седло.
Наоди На површина од околу 2 ха се пронајдени многубројни остатоци од керамика, камен, коска и куќен лепеж. По површината на плитко ораните ниви преовладуваат остатоци од бронзеното и железното време, додека кај подлабоко ораните ниви се забележува конгломерација на наоди од неолитското време.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско
Наводи