Ристо Бимбилоски (роден 1975 година во Македонија) — македонски моден творец со седиште во Париз, основач и креативен директор на „Ристо“. Својот стил го дефинира како „Acidchique“.
Животопис Дипломиран на Дуперовата школа (Ecole Duperré), Ристо Бимбилоски ја започнал својата кариера кај Жан Колона и Тиери Муглер. Својата прва збирка ја покажал на Меѓународниот фестивал Јер.
Ристо Бимбилоски ја создал марката Ристо како збирка на рачно изработена трикотажа. Неговото ателје започнало со четворица занаетчии за плетење.
Ристо Бимбилоски работел во „Louis Vuitton“ (плетена машка облека), Кензо со Умберто Леон и Керол Лим и „Maison Margiela“ (Мезон Маржиела). Познати личности како Кејти Пери, Меги Гиленхал, Рован Бланшард, Сантиголд или Кортни Лав носеле „Ристо“.
Тави Гевинсон го избрала Ристо меѓу најзначајните и најистакнатите современи светски дизајнери за во книгата „Шаблон“ (изворно: „Pattern“). Производите на Ристо биле дистрибуирани во 50 продавници во САД, Европа и Азија.
Наводи
Библиографија
Книга : Pattern (Phaidon Press Ltd) -
Надворешни врски
Интервју од Amica.it
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1975 година