Двете Англичанки и континентот (француски: Les deux Anglaises et le continent) е француски филм од 1971 година, во режија на Франсоа Трифо. Филмот е заснован на романот на Анри-Пјер Рош. Главните улоги ги играат: Жан-Пјер Лео, Кика Маркам, и Стејси Тендетер.РТС, Две Енглескиње и континент (пристапено на 1.10.2020)

Синопсис Дејствието се одвива на почетокот на 20 век. За време на патувањето во Велс, Французинот Клод (го игра Лео) ги запознава сестрите Ен (ја игра Маркам) и Мјуриел (ја игра Тендетер). Ен е вајарка, а Мјуријел е учителка. Во текот на следните 20 години се менуваат чувствата меѓу Клод и двете сестри, но романтичните односи често ги оневозможува физичката оддалеченост, двете силни мајки и конвенциите на времето. Клод станува уметнички критичар и сите тројца ги изразуваат своите потиснати страсти низ нивните професии...

Наводи

Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови од 1971 година Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на Франсоа Трифо Категорија:Филмови со Стејси Тендетер Категорија:Филмови со Кика Маркам Категорија:Филмови со Жан-Пјер Лео Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Велс Категорија:Филмови засновани на романи