Сања Лефкова (родена на ) — македонска поп пејачка.
Животопис Како мала Сања се занимавала со гимнастика и со кошарка, но, сепак, на крајот преовладала љубовта кон музиката, и таа се запишала на соло-пеење во Штип. Заедно со Емил Арсов, петнаесетгодишната штипјанка Сања била најмлад учесник на финалната вечер на манифестацијата Плеј - потрага по ѕвезди, одржана во Универзалната сала. Таа ја исполнила темата "Лијат години", на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Митевски (текст).
Приватен живот Сања е мажена со Мики Христов од Скопје и заедно имаат два сина. Тие подолго време живеат во Лондон, Англија.
Дискографија
Синглови
Лијат години (2002) Душо (2009) Засекогаш ти (2013) Среќа (2015) Врати се (2016) Почеток и крај (2018) Don't you get it (2020)
Наводи
Категорија:Македонски пејачи