Основно училиште „Тодор Ангелевски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Тодор Ангелевски“ - Горно Оризари; скратено: ПООУ „Тодор Ангелевски“) — подрачно основно училиште во селото Горно Оризари, претставува единка на истоименото училиште од градот Битола, Општина Битола.

Училиштето е именувано по македонскиот комунист, учител, борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ, Тодор Ангелевски.

Настава од петто до осмо одделение посетуваат и ученици од населбата Стрелиште.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во северниот дел на селото.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Категорија:Горно Оризари (Битолско) Горно Оризари