Мулојца — археолошко наоѓалиште во битолското село Кравари. Претставува населба од неолитско време . Веднаш до „Тумба“, на 100m северозападно од неа, се наоѓа друг предисториско наоѓалиште со сличен облик и висина. Тој не е оштетен, освен делумно на врвот, каде што се врши константна обработка на нивите.
На него е присутно големо количество на керамика од бронзено време, но и таква која може да се окарактиризира како рецентна. Со оглед на материјалот од површинските слоеви, може да се смета дека ова наоѓалиште е помлад од „Тумба“ и веројатно бил подигнат подоцна. Засега останува нејасно дали тој содржи и неолитски слоеви, што е вообичаено обележје за енеолитските и бронзенодобните тумби во Пелагонија.Гоце НАУМОВ, Слободан СТОЈКОСКИ, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, стр. 169, Зборник на трудови 2015 г., Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.
Поврзано Старо Село — населба од неолитско, бакарно и бронзено време; Тумба — населба од неолитско време; Жеждево — населба од доцноантичко време; Црна Земја — населба од доцноантичко време; Тумба II — населба од неолитско време; Мулојца — населба од неолитско време; Рамно — населба од неолитско време; Кравари; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Кравари