Банка Трла — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ќоселари. Претставува населба и некропола од доцната антика. По површините на нивите, оддалечени 2,5 км североисточно од селото се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и многу друг градежен материјал. Има и темели од објект со апсида на источната страна. Во југоисточниот дел на просторот се извадени повеќе големи плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 362, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Банка Трла — населба, базилика и некропола од доцноантичкото време; Јурутлук — населба од неолитското време; Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време; Манастир — средновековна населба и црква; Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време; Ќоселари; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ќоселари