Оваа статија е за археолошкото наоѓалиште. За манастирот, видете Ѓуришки манастир.

Ѓуришки Манастир — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Трстеник. Се наоѓа во дворот на Ѓуришкиот манастир. Претставува осамен наод од римско време и среден век. Според Никола Вулиќ, имало два фрагмента од надгробна плоча со старогрчки натпис, покрај кој, лево и десно, имало релјефно претставени полумесечини. Во манастирскиот комплекс, во педесеттите години бил откопан гроб и во него се најдени медалјон со иницијали МР и златни обетки, кои Блага Алексова ги поврзува со Марија Палеолог. Во еден од ѕидовите на манастирската штала се вградени базис од столб и фрагмент од надгробна плоча со старогрчки натпис. Гробниот наод се чува во Музејот на Македонија во Скопје, базисот во Народниот музеј во Свети Николе, а фрагментот од надгробната плоча стои на самото место.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 361, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Барковица — доцноантичка населба; Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Ѓуришки Манастир - Венец — гроб од доцноантичкото време; Селиште — населба од римското време; Средно Градиште — некропола од доцноантичкото време; Стара Црква — средновековна црква; Трстеник; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Ѓуришки манастир Категорија:Трстеник (Светиниколско)