Купче или Буниште — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ерџелија. Претставува населба од неолитското време. На 1,5 км југозападно од селото, во нивите на еден жител, кои лежат на мала височинка - тумба, се среќаваат делови од рачно изработени садови и орудија од камен и кремен, кои типолошки се исти со оние во последниот доцнонеолитски слој во Барутница, во Амзабегово. Спорадично се среќаваат и делови од керамички садови од доцноантичкото време. Жителот што ги пронашол откопал два питоси кои ги чува дома.

Поврзано Бела Чука - водовод од римското време; Крушка - населба од доцноантичкото време; Ерџелија; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.

Наводи