Максим Димитриевски (роден на во Куманово) — македонски политичар и градоначалник на Општина Куманово од 2017 година. мини|Максим Димитриевски

Образование

Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куманово“.

Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.

Живот

Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца. Политичка кариера

Политичката кариера ја започнал како млад активист на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија. Во 2008 година, станал дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател на истиот Совет од 2012 до 2016 година. Политичката кариера ја продолжил како пратеник во Собранието на Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станал градоначалник на Општина Куманово а во 2021 година бил повторно избран за градоначалник на Општина Куманово на локалните избори на 31 октомври, како независен кандидат.

Надворешни врски

kumanovo.gov.mk

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Куманово Категорија:Градоначалници на Општина Куманово