Атина Мургашанска (29 јули 1968, Пробиштип) е претседател на Советот на Општина Куманово.
Образование Основното училиште „ Кочо Рацин“ и Гимназијата „ Гоце Делчев“ ги завршува во Куманово, како ученик на својата генерација.
Дипломира на Правниот факултет „ Јустинијан Први“ при Универзитетот „ Кирил и Методиј“ во Скопје.
Има положено правосуден испит, магистрант е по административно право на УКИМ и е еден од првите медијатори во Република Македонија. мини|Атина Мургашанска во 2018 година
Кариера Работела како новинар и уредник на младинската и ноќната програма во Радио Куманово, а потоа како едукатор и презентер во невладиниот сектор.
Истакнат активист е на полето на човековите права и родовата еднаквост. Учесник е на бројни проекти, обуки и семинари во земјата и странство од областа на човековите права, локалната самоуправа и регионалниот развој и управувањето со отпад.
Вработена е како помошник раководител во Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
Во својата политичка партија е координаторка на Форумот на жените на СДСМ за Куманово и член на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ.
На локалните избори во октомври 2017 година е избрана за советник, како носител на листата на советници на СДСМ и коалицијата, а потоа избрана и за претседател на Советот на Општина Куманово.