Меѓународниот ден на мирот, понекогаш официјално познат и како Светски ден на мирот, е празник одобрен од Обединетите нации, кој се одбележува секоја година на 21 септември. Тој е посветен на мирот во светот, и особено на отсуството на војна и насилство, што може да биде резултат на привремен прекин на огнот во борбена зона за пристап до хуманитарна помош. Денот за прв пат бил прославен во 1981 година и го одбележуваат многу нации, политички групи, воени групи и луѓе. Во 2013 година, Генералниот секретар на Обединетите нации денот го посветил на образованието за мир, клучното превентивно средство за одржливо намалување на војната.
За да се инаугурира денот, Ѕвоното на мирот на Обединетите нации се одѕвонува во Седиштето на ООН во Њујорк. Ѕвоното е направено од монети донирани од децата на сите континенти, освен Африка, и било подарок од Здружението на Обединетите нации во Јапонија, како „потсетник за човечката цена на војната“; натписот на неговата страна гласи: „Да живее апсолутниот светски мир“.
Во последните години, била објавена мапа за пребарување на настани на un.org.Use this map to find a/n.../ event near you. internationaldayofpeace.org, accessed 11 August 2018
Историја
1981 година – Донесена Резолуцијата на Генералното собрание на ООН Генералното собрание на Обединетите нации, во резолуцијата спонзорирана од Велика Британија и Костарика, го прогласило Меѓународниот ден на мирот, да биде посветен на одбележување и зајакнување на идеалите на мирот. Првично избраниот датум бил редовниот почетен ден на годишните сесии на Генералното собрание, третиот вторник во септември. (Ова било променето во 2001 година на тековната годишна прослава на 21 септември секоја година – види 2001 година подолу.)
1983 година – Годишни извештаи Почнувајќи од 1983 година, по барање на Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации, Патишта кон мирот (Pathways To Peace или PTP) доставиле Годишен извештај за иницијативата „Ние Народите“ до ООН, сумирајќи ги активностите на Денот на мирот.2005 “WE THE PEOPLES” INITIATIVE (celebration of the International Day of Peace) Archived at archive.org, Accessed 17 November 2019 Извештаите од 2005 и 2009 година се достапни како архиви, наведени подолу. За своите иницијативи за Меѓународната година на мирот во 1987 година, на Генералниот секретар на ООН, Перес де Куелар, PTP му доделиле статус „Гласник на мирот“. Во 2006 година, името било променето од „Ние Народите“ во „Иницијатива култура за мирот“.
1996 година – Дебата на Ирскиот Сенат Предлогот за проширување на Меѓународниот ден на мирот да вклучува помирување, во кој голем број амблеми (Бели гулаби) биле дистрибуирани по официјалното претставување во Обединетите нации, бил изнесен од Винсент Којл, од Дери, Северна Ирска и било дебатирано во Ирскиот Сенат. Било прифатено дека е непрактично една земја-членка да побара на одредено место да се оддржи општата церемонија на ООН.Seanad Éireann — Volume 148 26 July 1996 Сепак, настаните се одржале во Обединетите нации во Њујорк, со поддршка на Кофи Анан, во април.
2001 година – Датумот е утврден на 21 септември Во 2001 година, денот на отворањето на Генералното собрание бил закажан за 11 септември, а генералниот секретар Кофи Анан подготвил порака со која се признава одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот на 21 септември. Таа година денот бил променет од третиот вторник на конкретно 21 септември, стапувајќи на сила во 2002 година. Нова резолуција била усвоена од Генералното собрание, спонзорирана од Обединетото Кралство (давајќи им признание на Мир, еден ден) и Костарика (првичните спонзори на денот), за да се даде на Меѓународниот ден на мирот определен календарски датум, 21 септември, и да се прогласи и за ден на глобален прекин на огнот и ненасилство.
2004 година – Контроверзија за Тајванската комеморативна марка Дипломатска мешаница настанала кога Лајонс Клубс Интернационал спонзорирал натпревар за шест постери што ќе се користат како комеморативни марки на Меѓународниот ден на мирот издадени од Администрацијата за пошти на ООН. Постер на 15-годишен ученик од тајван Јанг Чи-Јуан бил објавен како еден од победниците, но објавата била повлечена. Тајванските медиуми, тајванскиот лајонс клуб и владата на Тајван тврделе дека одлуката да не се користи постерот е резултат на притисокот од Кина;Taipei Times Row erupts over local boy's stamp design одбивањето на сликата на студентот врз политичка основа не ги одразува идеалите на Меѓународниот ден на мирот.Taipei Times Chunghwa Post announces intent to use student art ООН издале соопштение дека, иако во краткиот список од осум дизајни, „поради внатрешно недоразбирање и погрешна комуникација, примерокот на г-дин. Јанг бил објавен по грешка како еден од шесте марки што требаше да се издадат“. Владата на Тајван (Република Кина) подоцна издала марка која ја содржи сликата.Office of the President, Republic of China News Release: President Chen Receives the Painter of International Day of Peace Stamp Yang Chih-yuan
2005 година – Генералниот секретар на ООН повикува на 22-часовен прекин на огнот Во 2005 година, генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан повикал на светското почитување на 22 часовниот прекин на огнот и денот на ненасилството за одбележување на Денот.
Глобално истражување на прославата Иницијативата за култура на мирот објавила годишен извештај за Меѓународниот ден на мирот во 2005 година, во кој се опишани настаните во 46 земји:2005 “WE THE PEOPLES” INITIATIVE (celebration of the International Day of Peace) Archived at archive.org, Accessed 1 August 2018, originally from cultureofpeace.org Африка 11; Источна Азија и Тихиот Океан 12; Латинска Америка и Карибите 4; Европа 14; Среден Исток 3; Северна Америка 2 (22 држави, провинции).
2006 година – Парада на мирот, Велика Британија Во 2006 година, тогашниот генерален секретар Кофи Анан за последен пат заѕвонил на Ѕвончето за мир за време на неговиот мандат. Таа година ООН ги потврдиле „многуте начини на кои работи за мирот и охрабрување на поединците, групите и заедниците низ целиот свет да размислуваат и да комуницираат мисли и активности за тоа како да се постигне мир“.
Велика Британија го одржала примарното јавно и официјално набљудување на Меѓународниот ден на мирот и ненасилството на Обединетите нации во Рочдејл, Голем Манчестер. Ова било организирано од Мировната парада Велика Британија.
2007 година – Генералниот секретар на ООН повикува на светски момент на тишина Во 2007 година, генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун заѕвонил на Ѕвончето за мир во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, повикувајќи на 24-часовен прекин на борбените дејствија на 21 септември и за едноминутно молчење во светот.
2009 година – Објавена меѓународната година на помирување мини|300x300пкс|Сликање од деца, Меѓународен ден на мирот, Женева (2009). Во 2009 година - Меѓународната година на помирување - денот бил одбележан со голем број бели гулаби кои биле дистрибуирани по официјалното претставување во Обединетите нации, имајќи ја предвид Повелбата на Обединетите нации, вклучувајќи ги целите и принципите содржани во неа, и особено оние за спасување на следните генерации од злото на војната, воспоставување со мирни средства и во согласност со принципите на правдата и меѓународното право, прилагодување или решавање на меѓународните спорови или ситуации што може да доведат до нарушување на мирот и практикување толеранција и заеднички живот во мир едни со други како добри соседи, со што се развиваат пријателски односи меѓу народите и се промовира меѓународната соработка за решавање на меѓународните економски, социјални, културни и хуманитарни прашања. Винсент Којл од Дери, Северна Ирска дал целосна поддршка.SER (Subjective Experience and Reason) Foundation – UN Documents: 2009, International Year of Reconciliation Accessed 9 October 2017
2009 година, Меѓународен ден на мирот: „Мора да се разоружаме“ (WMD) „Преземање акција за свет без јадрено оружје... Разоружување и неширење на оружјето... подигање на свеста за опасностите и трошоците за јадреното оружје, и зошто јадрено разоружување и неширење на оружјето се од суштинско значење.“
Глобално истражување на прославата Иницијативата за култура на мирот објавиле годишен извештај за Меѓународниот ден на мирот во 2009 година, опишувајќи настани во 77 земји:2009 Report Culture of Peace Initiative (CPI) (celebration of the International Day of Peace) Archived at archive.org, Accessed 1 August 2018, originally from cultureofpeace.org Африка 14; Источна Азија и Тихиот Океан 20; Латинска Америка и Карибите 11; Европа 23; Среден Исток 7; Северна Америка 2 земји (48 држави, провинции).
2010 година – Младината за мир и развој „Обединетите нации се во потрага на приказни од млади луѓе ширум светот кои работат за мирот. Слоганот на кампањата оваа година е Мир=Иднина, математиката е лесна.”
2011 година – Мир и демократија: Нека се слушне Вашиот глас Во 2011 година, темата на Денот на мирот на ООН бил „Мир и демократија: Нека се слушне Вашиот глас“. Многу организации одржале настани за Денот на мирот ширум светот во 2011 година. Имало училишни активности, музички концерти, глобални клубови за комедија (thinkPEACE.net), мировни гулаби, молитвени бденија, мировни конференции и активности на ООН. Организации како Мир, еден ден, Wiser.org и Култура на мирот со години се активни учесници во активностите на Денот на мирот.
2012 година – Одржлив мир за одржлива иднина Обединетите нации ја поставиле темата за одбележување на оваа година како „Одржлив мир за одржлива иднина“, сеќавајќи се и зајакнувајќи ги идеалите на мирот меѓу сите нации и народи.
Глобален ден на примирјето, 2012 година Во 2011 година, Еден ден мир, објавиле на нивниот концерт во О2 Арената, нова меѓународна кампања наречена Глобално примирје 2012, грасрутс иницијативата и интернационална коалиција со невладини организации и студентски синдикати на секој континент, со што се зголемило учеството и делувањето на Денот на мирот 2012, денот на глобалното примирје. Посебен фокус во оваа кампања биле прекинување на воените дејствија на тој ден и намалување на семејното насилство и малтретирање во општеството. Концертот за Прославата Еден ден мир на денот на мирот во 2012 година се одржал во „Вембли Арена“ за да се прослави Глобалното примирје 2012 година. Кампањата „ Глобално примирје“ ќе продолжила и се именувала секоја година, вклучила повеќе партнери и коалиции за масовно учество и за заштеда на животна практична акција на Денот на мирот.
2013 година - Фокус на мировното образование Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, Светскиот ден на мирот 2013 година го посветил на мировната едукација во обид да ги фокусира умовите и финансирањето на врхушката на мировното образование како средство за воспоставување култура на мир. Аниматор и автор на книги за деца, Сју Дичико објавилa во мај 2013 година глобална кампања за зголемување на свеста за Денот на мирот и промовирањето на мировно образование во училиштата и во групите на заедницата преку Проектот за мир Жерави. Школата за заедница Гори во Ко. Вексфорд, Ирска, била избрана да биде Школа за мир за 2013 година. [ потребно е цитирање ]
Глобално примирје 2013 година Мир еден ден лансирала нова тема за Глобално примирје 2013: Со кого ќе склучите мир?
Комедија за Денот на мирот 2013 година За да донесе свест за Денот на мирот, thinkPEACE промовирале програма за комедија на Денот на мирот, „Стенд-ап за меѓународен мир“, одржана во над 50 глобални клубови за комедија во 2013 година.
2014 година - право на мир мини|Концертот на МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИРОТ во Амстердамската купола Зиго. 21 септември 2014 година (во организација на MasterPeace) мини|Церемонија на меѓународниот ден на мирот, организирана од Екта Паришад, Ганди Бахаван, Бопал, Индија, септември 2014 година