Градиште — археолошко наоѓалиште во скопската населба Средно Нерези, Општина Карпош. Претставува градиште - опидум од раноантичко време.
Во непосредната близина на јужната периферија на селото, на површина од околу 3 ха, опфатена со бедем, се среќаваат голем број фрагменти од керамички садови. Со ископувањата во 1953, 1956 и 1957 г. е откриен драгоцен археолошки материјал.
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Круша — населба во Средно Нерези од бронзеното време и некропола од железното и римското време Список на археолошки наоѓалишта во Скопје
Наводи