1838  Крунисана е британската кралица Викторија. 1880  Франција го анектира Тахити. 1888  Првата позната снимка на класична музика - Хендловиот ораториум Израел во Египет. 1914  Јина Гусева се обидува да го убие Григориј Распутин во неговиот дом во Сибир. 1948  Југославија е исклучена од Коминформот. Започнуваат прогони на идеолошките приврзаници на СССР во Југославија, тнр. период на Информбирото. 2002  Судири меѓу Северна и Јужна Кореја доведуваат до смрт на четири јужнокорејски морнари и до потопување на севернокорејски брод. 2005  Канада станува трета земја во светот, по Холандија и Белгија, која го признава бракот помеѓу припадници од ист пол. 2011  Тувалу ја признава Република Македонија под уставното име. 29 јуни