Градиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Киселица.

Претставува градиште од доцна антика.

Над Киселичка Река, на висок рид кој со преслап е сврзан со планинскиот венец, на зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Видливи се остатоци од разурнати градби и бунар за вода. По површината има множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 195, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — градиште од доцната антика; Селиште — населба од доцната антика; Собориште — населба од доцната антика; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи