Николинско Маало — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Метежево. Претставува градиште од доцната антика. На висок рид, што се надвиснува над Огутска Река и има доминантна местоположба, на зарамнето плато обраснато со шума се гледаат траги од бедем, а по површината се среќаваат фрагменти од питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 196, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцната антика; Метежево; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи