Градиште I — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Нерав. Претставува градиште од доцноантичкото време. Западно од месноста Остри Чуки, на висок рид со зарамнето плато што зафаќа површина од 300 x 200 м се среќаваат делови од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.
Поврзано Градиште - Чука - градиште од доцноантичкото време; Градиште II - градиште од доцноантичкото време; Грамади - населба од римското време; Кошари - населба од доцноантичкото време; Селиште - градиште од доцноантичкото време; Нерав; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.
Наводи