Грамади — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Нерав. Претставува населба од римското време. На блага падина северно од Видин Дол, источно од Неравска Река и јужно од месноста Спас, на површина од 150 x на 100 м, при орањето на нивите се откриени делови од керамички садови со груба фактура и црвена боја. Се среќаваат и градежни материјали.

Поврзано Градиште - Чука - градиште од доцноантичкото време; Градиште I - градиште од доцноантичкото време; Градиште II - градиште од доцноантичкото време; Кошари - населба од доцноантичкото време; Селиште - градиште од доцноантичкото време; Нерав; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.

Наводи