Селиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Нерав. Претставува градиште од доцноантичкото време. На зарамнето плато на мало ритче кое има доминантна местоположба над клисурата на Неравска Река, до патот што води до Трговиште, се гледаат остатоци од ѕидови на утврдување, делови од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Поврзано Градиште - Чука - градиште од доцноантичкото време; Градиште I - градиште од доцноантичкото време; Градиште II - градиште од доцноантичкото време; Грамади - населба од римското време; Кошари - населба од доцноантичкото време; Нерав; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.
Наводи