Мисијата за набљудување во Либерија (UNOMIL) била мировна мисија на Обединетите нации во Либерија. Основана е со Резолуцијата 866 (1993 година), а седиштето и било во главниот град Монровија.
Мандат УНОМИЛ е создадена како дел од Договорот од Котону за поддршка на напорите на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) во Либерија за време на Првата либериска граѓанска војна (1989 – 1996). Првичниот мандат на мисијата била да го следи спроведувањето на мировните договори помеѓу либериските партии, да ги испитува кршењата на примирјето, да помогне во одржување на местата за собирање и демобилизација на борците, да ја олесни хуманитарната помош, да ги испита кршењата на човековите права и да го следи изборниот процес. За време на својот мандат, УНОМИЛ извршила логистичка работа додека Групата за набудување на Економската заедница на западноафриканските држави овозможила безбедност и преземала кампања за информирање на јавноста со цел едукација на гласачите.
Била заменета од Мисијата на Обединетите нации во Либерија, основана во септември 2003 година.
Наводи
Категорија:Историја на Либерија Категорија:Мировни мисии и операции на Обединетите нации Категорија:Либерија и Обединетите нации