Оваа статија е за Трговиште во Србија. За останати места со називот Трговиште, видете Трговиште (појаснување)

Трговиште — гратче и седиштето на истоимената општина во Пчињскиот Управен Округ во Србија. Лежи на реката Пчиња. Според пописот од 2022 година, во Трговиште има 1.711 жители.

Географија Во традиционален поглед, територијата на општината приближно се совпаѓа со традиционалната област Горна Пчиња и била дел од северниот дел на поширока Македонија. Општината се граничи со општините Босилеград, Врање, Бујановац и соседната држава Македонија во должина од 47 км.

Надморската височина се движи од 805 метри (во Трговиште), до 1.825 метри на Големи Врх (планината Бела Вода). Земјата има планински карактер и се состои од планини: Бела Вода, Зладовачка Планина, Лесничка Планина, Копљача и Петрова Гора. Реки во Општината Трговиште се: Трипужница, Козједолска, Лесничка Река и Пчиња.

Население Во Трговиште живеат 1,413 возрасни лица, а просечната возраст на населението е 37,5 години (36,9 за мажи и 38,1 за жени).

Оваа населено место е претежно населено со словенското население кое зборува торлачки и смета се за српско (според пописот од 2002 година), и забележан е пад на населението.

Како дел од традиционална Македонија, селата во оваа општина во минатото биле претежно македонски. Дел од населението се иселило понајуг, во денешниот Североисточен Регион на Р. Македонија. По Втората светска војна, бројот на жители на општината бил над 15.000, но оттогаш трае процесот на економско селење на населението во поразвиените области. Денес во општината живеат нешто помалку од 5.000 луѓе.

Економија Трговиште е еден од најмалку развиените градови во Република Србија. Тговиште е далеку од главните железнички патишта, а независноста на Република Македонија и создавањето на физичка државна граница имало особено неповолно влијание на оваа област. Во средината на 1980-тите, биле изградени погоните на „Симпо“ (160 работници), „Јумко“ (400 работници) и „Коштана“ (400 работници). Од нив до денес опстанал само погонот на „Симпо“.

Галерија

Познати личности Крсто Ковачев Трговишки — србомански четнички војвода

Наводи

Литература

Надворешни врски

Мапи, аеродроми и временска состојба местоположба Сателитска карта Сателитска карта на Google Само секој петти жител е вработен во Трговиште („Политика“, 25 декември 2017 година) Сиромаштија натопена во алкохол (Политика, 26 декември 2017 година)

Категорија:Градови во Јужна Србија Категорија:Населени места во Вардарска Македонија Категорија:Пчињски Управен Округ