Ивона Јовановиќ (Куманово, 8 август 1996) — македонска пејачка на поп и рок-музика. Таа учела во средното медицинско училиште во Куманово. Студирала стоматологија, а потоа се префрлила и дипломирала на студии по нутриционизам на ПМФ. мини|Ивона Јовановиќ на настап во Куманово во 2019.

Кариера Јовановиќ својата пејачка кариера ја започнува во повеќе музички натпреварувања во Македонија, меѓу кои била дел од Македонски идол и Сите наши песни, а учествува и на српското шоу „Ѕвездите на гранд“.

Во 2018 година со песната „Убав е овој свет“ учествува на музичкиот фестивал „МакФест“.

Наводи

Категорија:Македонски пејачи