Илија Аџиевски е роден во 1926 година , — македонски вајар.

Тој дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Загреб, во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ.

Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот како и на во помал фомат.

Бил учесник во НОБ (1942). Автор е на Споменикот на паднатите борци во Струмица (1959), Мавзолејот на паднатите борци во Кратово (1962), Споменикот на братството и револуцијата во Дебар (1989), во Неготино и др.

Имал повеќе самостојни изложби: Струга (1965), Битола (1966), Велес (1967), Скопје, (1991, 1994 и 2001) и Париз (1997). Ниш, Белград, Тузла, Загреб, Подгорица, Софија, а учествувал на над сто групни изложби. Добитник е на значајни национални и меѓународни награди.

Неговите скулптури имаат реалистички и експресионистички обележја. Посебно значајни се скулптурите-портрети на неговите современици Петре М. Андреевски, Георги Божиков, Борко Лазески, Тодор Николовски, Анте Поповски, Петре Прличко, Димитар Солев, Глигор Чемерски и други познати македонски современици.

Илија Аџиевски спаѓа во редот на најзначајните современи македонски вајари. Неговите дела се високо вреднувани од страна на ликовната критика во Македонија.АЏИЕВСКИ, Илија Нему му е посветена песната „Второто создавање, и конечно“ на македонскиот поет Анте Поповски од 1988 година.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 10.

Наводи

Категорија:Македонски вајари Категорија:Југословенски вајари Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет