Карел Чаславски (28 јануари 1937 - 2 јануари 2013) - чешки филмски историчар и телевизиски водител. Чаславски работел како историчар во Националната филмска архива (Архив на народни филмови) на Чешка (и Чехословачка) од 1963 година до неговата смрт во 2013 година.

Чаславски создал и бил домаќин на неколку телевизиски емисии, вклучувајќи ја долгогодишната „Во потрага по изгубеното време“, која се емитувала на чешката телевизија повеќе од дваесет години. Во серијата „Во потрага по изгубеното време“, Чаславски претставувал, објаснувал и емитувал архивски филмови. Чаславски исто така е автор на двотомниот животописен серијал за чешките и чехословачките филмски глумци.

Чаславски починал во Прага на 2 јануари 2013 година, на 75-годишна возраст.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Чешки историчари Категорија:Чехословачки историчари Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Родени во 1937 година