Св. Никола — археолошко наоѓалиште во струшкото село Октиси. Претставува старохристијанска базилика од почетокот на V век.

Врз темелите на оваа старохристијанска базилика денес стои главната селска црква „Св. Никола“, која се наоѓа на северната страна од селото, изградена во 1925/27 година.

Заштитни, а потоа и систематски археолошки ископувања се вршени од 1954 година од страна на Археолошкиот музеј на Македонија, под раководство на Димче Коцо и други истражувачи, сè до 1994 година. Базиликата има трикорабен наос со димензии од 27,2 × 24,1 м, нартекс, егзонартекс, бочни анекси и крстилница. Изградена е во една фаза, а подовите во централниот кораб, нартексот, крстилницата и северниот анекс се покриени со разнобојни мозаици, украсени со геометриски и цветни елементи и слабо зачувани животински претстави.

Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.

Во 2013 г. е решено да се обноват разните мозаици на базиликата, со можност и да се изложат во наменски објект до црквата.

Слики

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струшко

Наводи

Надворешни врски

Светилиштата во Струшко од Анастас Ќушкоски, 2002 г.