Народен театар - Гевгелија ― културна установа, односно театар со седиште во Гевгелија.
Историја Зградата на Народниот театар во Гевгелија била изграден во 1953 година и претставува едно од позначајните културно-архитектонски обележја на градот. По земјотресот во 1990 година и пожарот во 1996 година, театарот бил надвор од употреба. После опожарувањето била извршена санација на конструкцијата и покривот на објектот, но неговата внатрешност и фасадата останале во руинирана состојба.
Во седумдесеттите години на минатиот век, во оваа зграда, било создадено КУД „Јосиф Јосифовски - Свештарот“ во чии рамки, со помош на познатиот драмски уметник Мите Грозданов биле поставени претставите „Црнила“, „Вечни студенти“, „Алат“, „Јама“ и други.
На 14 април 2003 година, Владата на Република Македонија со одлука го предала Народниот театар да биде под јурисдикција на Општина Гевгелија.
Во ноември 2010 година, било најавена целосно обновување на зградата на театарот. Вредноста на проектот бил 650 илјади евра, 500 илјади од Европската комисија и 150 илјади од Општината. На 17 декември 2011 година, театарот бил пуштен во употреба со претставата „Свадбата на Фигаро“.
Галерија
Наводи
Категорија:Театри во Македонија Т