64 Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот цар Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори.
1830 Уругвај го усвојува својот прв Устав. 1846 Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија. 1898 Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент. 1925 Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифест „Мојата борба“. 1936 Шпанска граѓанска војна: востаниците ја заземаат Галисија, западна Кастиља, западна Андалусија и Арагон. 1968 Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел. 1967 Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј. 18 јули