Горно Поле - Балабаница — археолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Претставува населба и некропола од железното и раноантичкото време.
Местоположба Се наоѓа на 1 км јужно од селото, од левата страна на патот за Штип. Претставува издолжено големо плато, со површина од десетина хектари, кое на северозападната и југозападната страна има стрмни падини кон коритото на Брегалница и нејзините суводолици, додека на североисточната страна благо се спушта кон Благова Река.
Ископувања и наоди Во 1958 година со длабоко рилање и подготвување на теренот за лозова плантажа бил уништен голем број мали тумули (околу 500), со конструкции од камен, во кои имало погребувања на кремирани и закопани покојници. Музејот од Штип извршил пробно истражување при што биле утврдени приближниот број и организацијата на тумулите, начинот на погребувањето и нивната временска припадност. Во 1959 година е извршено повторно ископување, и тоа во средишниот дел на висорамнинката, каде Иван Микулчиќ открил погребувања од V век п.н.е. Остатоци од тумули, како и гробни прилози се среќаваат и денес по целата површина на теренот.
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип. Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Штипско
Наводи
Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Штип