е јапонска мултимедијална франшиза фокусирана на борбени и аркадни видеоигри создадени и издадени од Бандаи Намко Ентертејнмент. Франшизата вклучува филмски и печатени изданија.

Главните игри во серијата ги следат настаните од турнирот „Крал на железната тупаница“, одржан од измислената компанија „Мишима заибатсу“, во која што играчите можат да одберат и контролираат мноштво ликови за да го освојат турнирот и да добијат контрола врз компанијата; конфликтот во семејството Мишима служи како главен заплет на серијата, додека играчите ги дознаваат целите и мотивациите и на другите ликови за контрола на Мишима Ко.

Гејмплејот се фокусира на блиска борба со различни боречки вештини (неколку измислени), со екстремно точен систем на борба кој, освен огромен број на напади, вклучува блокови за истите, зафати и фрлања, ескивирања и борба на подот. Серијата подоцна вовела комбоа и специјални потези, а ликовите можат, во одреден миг, и да го искршат подот на арената, иако ова е само визуелен ефект. Tekken е забележана како една од првите борбени игри кои користеле 3D анимација.

Јапонскиот развивач на видеоигри, Намко, го започнал серијалот во 1994 година, со објавувањето на првата истоимена игра. Заклучно со 2017 година, постојат девет последователни игри (вкупно 10), осум спин-оф игри, и постојат три адаптации како играни филмови и други медиуми. Tekken 2, како и третата игра Tekken 3, се сметаат за камен темелници; тие добиле критичко признание за гејмплејот и за задлабочено искуство. Следните наслови го следеле овој концепт и добиле генерално позитивни критички одговори.

Серијата е универзално признаена и комерцијално успешна, испорачувајќи повеќе од 50 милиони копии, што ја прави една од најпродаваните франшизи на видеоигри на сите времиња, и третата најпродавана франшиза за борбени игри во историјата. Главната серија е широко наведена од критичарите и публикациите за видеоигри како најголем фактор за подигање на стандардите на борбените игри, фалејќи ја нејзината гејмплеј механика и можноста за снимање на борбата.

Игри Сите главни наслови од серијата првично се аркадни игри, а матичните плочи на аркадниот уред традиционално користат технологија заснована на PlayStation конзолите. По нивното аркадно издание, домашните изданија главно се наменети за конзолите од линијата на PlayStation.

+ Година Наслов Аркадна машина Домашно издание 1994 Tekken Namco System 11 PlayStation 1995 Tekken 2 1997 Tekken 3 Namco System 12 1999 Tekken Tag Tournament PlayStation 2 2001 Tekken 4 Namco System 246 2004 Tekken 5 Namco System 2562005 Tekken 5: Dark Resurrection PlayStation Portable 2007 Tekken 6 Namco System 357 PlayStation 3, PlayStation Portable, Xbox 360 2011 Tekken Tag Tournament 2 Namco System 369 PlayStation 3, Xbox 360, Wii U 2015 Tekken 7 Namco System ES3 PlayStation 4, Xbox One, Microsoft Windows Белешки:

Оригинална PlayStation трилогија (1994–1998 г.) Tekken Првата игра во серијата, Tekken, била издадена во 1994 година, најпрво како аркадна игра и како ексклузивна за PlayStation во 1995 година. Играта има осум различни ликови, секој со свој претпоследен „boss“ (пред последното ниво). Верзијата на PlayStation содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија, и исто така, еден по еден, ги отклучува претпоследните „boss“ ликови, откако ќе се сврти играта со даден карактер, вкупно давајќи осумнаесет ликови, вклучително и еден дополнителен костум за ликот Казуја (наречен „Devil Kazuya“). Покрај тоа, последна анимирана сцена се отклучува за даден карактер, кога ќе се сврти играта со истиот, во аркадниот режим, за секој лик од оригиналните осум почетни ликови. Канонот или официјалниот крај на играта се смета на оној на Казуја, одмаздувајќи се на неговиот татко Хеихачи Мишима, на начин што го победува на турнирот и го фрла од истата карпа што неговиот татко пред тоа го фрла Казуја.

Tekken 2 Tekken 2 била аркадно објавена во 1995 година, а во 1996 година за PlayStation. Неколку години подоцна била направена варијанта и за Zeebo конзолите. Се состои од десет почетни ликови, и дополнителни петнаесет за отклучување, давајќи вкупно дваесет и пет карактери. Домашната верзија содржи четири нови режими кои ќе станат суштински за серијата, а тоа се „Survival“ (преживување), „Team Battle“ (тимска борба), „Time Attack“ (најбрзо свртување на играта со даден карактер) и „Practice“ (вежбање). Играта содржи содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија, а последна анимирана сцена се отклучува за даден карактер, кога ќе се сврти играта со истиот, во аркадниот режим, за секој лик од играта. Канонската завршница на оваа игра се смета онаа во која што Хеихачи го преживува падот, влегува во Вториот турнир „Крал на железната тупаница“ и го совладува Казуја, потоа фрлајќи го во активен вулкан и повторно ја зазема компанијата Мишима Заибатсу. За време на настаните од Вториот турнир, Казуја и Џун Казама се мистериозно привлечени еден кон друг и стануваат интимни.

Tekken 3 мини|250п|Tekken 3 аркадна машина. Tekken 3 била аркадно издадена во 1997 година, а за PlayStation во 1998 година. Поради 19-годишниот скок на приказната помеѓу претходната и оваа игра, во голема мера е претставена нова екипа на ликови, вклучувајќи го и дебито на главниот лик Џин Казама, синот на Казуја и Џун, како и познатите дебитантски главни ликови Линг Жаоју и Хуоаранг, вклучувајќи вкупно дваесет и три карактери. Домашната верзија го вклучува режимот наречен „Tekken Force“ (играчот има задача да го „истрча“ нивото, притоа борејќи се против војниците на Мишима корпорација, и на крајот со еден „boss“ лик) како и бонус режим „Tekken Ball“ (буквално подавање со топка слично на одбојка), а исто така ги содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија. Канонската завршница на Tekken 3 се смета онаа на Пол Феникс, победувајќи го Огар, верувајќи дека е победникот, за веднаш потоа Огар да се претвори во втората „Вистински Огар“ фаза. Џин Казама се соочува со Вистински Огар и го победува, одмаздувајќи се за неговата мајка. Со Огар надвор од патот, дедото на Џин, Хеихачи, пука во него, оставајќи го да умре. Сепак, Џин преживува, оживеан од „Ѓаволскиот ген“ што го наследил од неговиот татко.

Деби на „таг-тим“ игрите (1999–2005 г.) Tekken Tag Tournament Tekken Tag Tournament е следниот наслов, аркадно објавен во 1999 година, и како официјален придружен наслов при објавувањето на новата PlayStation 2 конзола во 2000 година. Иако играта не е канонична за приказната, таа се смета за еден од главните делови на франшизата. За разлика од претходните наслови, Tekken Tag Tournament се одликува со „таг-битки“ (дозволено е наизменично менување на двајца претходно одбрани ликови при активна борба), вклучувајќи ги скоро сите карактери на Tekken во серијата до тој момент, со вкупно 34 карактери. Играта се инсталирала на истата аркадна машина како Tekken 3, па големи графички надградби се добиле кога истата била пренесена за PlayStation 2. Домашната верзија содржи слични визуелни арени како оние од аркадната верзија, а исто така има и бонус режим наречен „Tekken Bowl“ (мод во кој може да се кугла со ликовите). Ремастеризирана верзија на играта, Tekken Tag Tournament HD, е вклучена во колекцијата Tekken Hybrid од 2011 г., која исто така содржела демо на играта Tekken Tag Tournament 2, и филмот „TEKKEN: BLOOD VENGEANCE“.

Tekken 4 Tekken 4 е петтиот наслов и следната канонска игра во серијата, објавена во 2001 година за аркадните машини и во 2002 година за PlayStation 2. За да се нагласи приказната, домашната верзија вклучила нов „Story mode“ (режим за официјалната приказна), која ги отклучува последните анимирани сцена за даден карактер, наместо во аркадниот режим, во кој се отклучуваа претходно. Играта исто така содржи многу нови опции во гејмплејот, вклучувајќи ја можноста играчот да се движи пред да започне рундата (без можноста да удри), како и нивоа со ѕидови кои делумно ги одвојуваат играчите. За прв пат, визуелните тематски арени се исти и за аркадната и за домашната верзија. Постојат 23 ликови за избор. Приказната открива дека Казуја го преживеал падот во вулканот пред 20 години, влегувајќи на Четвртиот турнир „Крал на железната тупаница“ за да ја врати Мишима Заибатсу под негова контрола. Во канонската завршница, Казуја и Хеихачи заедно се поразени од Џин, кој неволно се преобразува во неговата ѓаволска форма, но откако добива кратка визија од неговата мајка Џун (која не ја видел веќе шест години), тој се воздржува да го погуби Хеихачи.

Tekken 5 Tekken 5 била издадена за аркадните машини во 2004 година, а во 2005 година за PlayStation 2, со краток временски период на преминување од аркадните во PlayStation конзолите, со два месеци во Северна Америка и со четири месеци во Јапонија. Постојат 32 карактери за избор, вклучително, и за прв пат, „Девил Џин“ (втората форма на ликот Џин) и Асука Казама која доаѓа од измислена верзија на градот Осака. Повеќето ликови што се отстранети од Tekken 3 се враќаат во Tekken 5. Домашната верзија го вклучува и режимот познат како „Devil Within“, варијанта на режимот „Tekken Force“ претставен во Tekken 3. По официјалната канонска завршница, Џин Казама го победува својот демонски прадедо Џинпачи Мишима (кој ја презема Мишима Заибатсу кратко по завршувањето на настаните од Tekken 4), наследуваjќи ја Мишима Заибатсу.

Проширување на други платформи (2006–2012 г.) Tekken 5: Dark Resurrection Иако Tekken игрите вообичаено се темелат на аркадните верзии, Tekken 5 била првиот наслов во серијата што имала ревизија што била доволно значајна што била објавена, со поднасловот Dark Resurrection (Мрачно Воскреснување) во 2005 година. Играта била пренесена на PlayStation Portable во 2006 година и содржи два нови лика: Емили „Лили“ Де Рошфорт и Сергеј Драгунов. Армор Кинг е исто така воведен како лик што може да се игра во оваа ревизија. Играта воведува и систем за рангирање. Домашната верзија се одликува со нови режими, како Ghost Mode, Tekken Dojo Mode и два бонус режими, Gold Rush и ревидирана верзија на Tekken Bowl, претставена првпат на Tekken Tag Tournament. Режимот Devil Within од PlayStation 2 верзијата, сепак, отсуствува. Намко Бандаи ја препознале побарувачката на обожавателите за верзија на PlayStation 3 конзолата, па оваа била објавена во 2007 година, во HD 1080p. Верзијата на PlayStation 3 исто така била ажурирана и е наречена Tekken 5: Dark Resurrection ONLINE, што за првпат се добива опција за онлајн играње. Верзијата за PlayStation 3 исто така го отклучува ликот Џинпачи Мишима, дозволувајќи му на играчот да го одбере и него (но не и во онлајн борбите).

Tekken 6 Tekken 6 првично била објавена за аркадните машини во 2007 година, проследена со ажурирана аркадна верзија од 2008 година, насловена како Tekken 6: Bloodline Rebellion. Домашната верзија е заснована на Bloodline Rebellion и била објавена за PlayStation 3 и Xbox 360, за прв пат станувајќи мултиплатформна. Играта се одликува со Scenario Campaign mode, режим кој е по оној на примерот од Tekken Force mode, кој може да се игра и онлајн заедно со стандардниот Versus режим (стандардна онлајн борба). На крајот на „Сценарио“ режимот, се открива дека Џин Казама, откако бива поразен од вонбрачниот син на Хеихачи, Ларс Александерсон (кој претрпува амнезија во еден момент на приказната), намерно направил хаос и водел војна со светот за да го наполни со негативна енергија доволна да генерира физичка манифестација на Азазел, така што тој самиот би може да се соочи со него и да го убие, верувајќи дека убиството на Азазел може да го исчисти од Ѓаволскиот ген во неговото тело. По битката, телото на Џин е пронајдено од Рејвен, а Ѓаволскиот ген сè уште е недопрен во неговото тело.

Tekken Tag Tournament 2