Бадеми — археолошко наоѓалиште во скопското село Ласкарци, Општина Сарај. Претставува некропола од доцноантичко време.

Во нивата на Рамо Тусуми, при земјоделските работи е откриен доцноантички гроб. Конструкцијата е направена од комбинација на тули, камен и малтер. Како капак е употребена надгробна стела со латински натпис.

Споменикот се чува во Музејот на Македонија во Скопје.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи