Аманда Рендолф Херст (родена на 5 јануари 1984 година) е американска активистка, модел и наследничка на Херст корпорацијата, медиумскиот конгломерат на Вилијам Рендолф Херст Медиа. Таа е уредник за продажба во Мари Клер и основач на „Пријатели на Фин“, организација посветена на запирање на нехуманиот третман на кучињата. Таа исто така била и копретседавач на Советот за јуниори на Риверкипер.
Семејство и ран живот Аманда Херст е дете на Ен Херст, внука на Пети Херст, и правнука на медиумскиот магнат Вилијам Рендолф Херст. Нејзиниот татко Ричард Мек Чесни се разделил од нејзината мајка пред раѓањето на Аманда. Таа е исто така поќерка на романописецот Јеј Мекинерни и братучетка на Лидија Херст-Шоу.
Херст се школувала во училиштето Чапин во Њујорк и дипломирала во Чоут Розмари Хол, интернатско училиште. По кратко студирање на колеџот во Бостон, таа се откажала за да се занимава со мода. На крајот се вратила на училиште и се школувала на универзитетот Фордхам, каде дипломирала во 2008 година, историја на уметност.
Личен живот Аманда се омажила за Јоаким Ронинг на 2 август 2019 година.https://www.townandcountrymag.com/the-scene/weddings/a28596395/amanda-hearst-joachim-ronning-wedding-hearst-castle/
Мода Како поранешен модел на IMG, Херст се појавила на насловните страници на „Таун енд кантри“, Меѓународниот „Харперс базар“, „Космополитен“ и други големи списанија, како и во „Vanity Fair“.
Наводи
Надворешни врски
Amanda Hearst at Fashion Model Directory
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Американски манекенки