Милан Терзовски — македонски поет.
Животопис
Милан Терзовски е роден на 28 април 1930 година, во Куманово, а починал на 11 јуни 2019 година, во Скопје. Основното образование и IV клас гимназија го стекнал во родниот град, а Виша педагошка академија, оддел сликарство, завршил во Нови Сад, Србија. Бил еден од првите членови на Друштво на писатели на Македонија.Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
Својот работен век го поминал во фабриката за порцелан и керамички плочки „Борис Кидрич“ во Велес. За себе често зборуваше како за уметник во индустрија, каде што меѓу вработените неретко создаваше услови за културни настани. Добитник е на повеќе поетски награди, меѓу која и II награда на конкурсот за песна на Струшките вечери на поезијата во 1966.
Дела
Чекори во себе, поезија, 1961; Оморина, поезија, 1968; Балади за козјак , поезија, 1973; Постапалки, поезија, 1981; Галичица, поезија, 1985; Црно распаќе на песната, поезија, 1991; Сончев часовник, поезија, 2000; Азбучна молитва, поезија, 2010
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Куманово