21 лекција за 21 век (англиски: 21 Lessons for the 21st Century) – книга од Јувал Ноа Харари, професор на Еврејскиот универзитет во Ерусалим. Книгата првично била издадена на англиски во 2018 година, во Соединетите Американски Држави од издавачката куќа „Шпигел и Грау“Harari, Yuval Noah; Spiegel & Grau (2018). 21 Lessons for the 21st Century. ., а во Обединетото Кралство од издавачката куќа „Џонатан Кејп“Harari, Yuval Noah; Jonathan Cape (2018). 21 Lessons for the 21st Century. . На македонски јазик книгата е издадена во 2020 година од страна на издавачката куќа Три.
Откако како теми ги има далечното минато во „Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род“ (2011) и далечната иднина во „Хомо деус: Кратка историја на иднината“ (2016), Харари во „21 лекција“ своето внимание го насочува кон сегашноста. Во лабава збирка есеи, од кои многу засновани на претходно објавени написи, Харари се обидува да ги отплетка технолошките, политичките, социјалните и егзистенцијалните расправии со кои се соочува човештвото.
Самата книга се состои од пет дела секој составен од четири или пет есеи.
Критики Интернет агрегаторот на рецензии „Бук маркс“ (Book Marks) објавил дека 44% од критиките за книгата се „одушевувачки“, додека 11% се „многу негативни“. Останатите критики изразиле или „позитивни“ (22%) или „мешани“ (22%) впечатоци, врз основа на девет рецензии. Книгата наишла на значајно медиумско внимание со статии и критики објавени меѓу другите во „Њујорк Тајмс“, „Економист“, Фајненшел тајмс, Гардијан, Њу стејтсмен и Тајмс.
Во Њујорк Тајмс, Бил Гејтс ја нарекува книгата „фасцинантна“, а нејзиниот автор „толку стимулативен писател што дури и кога не се согласував, сакав да продолжам да ја читам и да мислам“. За Гејтс, Харари „започна клучна глобална дискусија за тоа како да им се пристапи на проблемите на 21 век.”
Џон Торнхил во Фајненшел Тајмс рекол дека „иако 21 лекција има проблесоци на интелектуална авантура и книжевен полет, веројатно нуди најмалку илуминација од трите книги“ напишани од Харари и дека многу од опсервациите во неа се чувствуваат како рециклирани од другите две.
Критиката на Хелен Луис во Гардијан не е толку блескава иако таа се восхитува на „амбицијата и ширината на неговото дело, сложувајќи ги неочекуваните идеи во сјани опсервации.”
Книгата добила и негативни критики. Гевин Џакобсон во Њу Стетјстман ја гледа како „студија полна со ветувања и празна со исполнувања“ со совет „или премногу нејасна или премногу шуплива за да даде какви било насоки.“ Во Тајмс, Џерард Дегрот пишува: „Авторот на Сапиенс е добар во утврдувањето на кризите кои доаѓаат, но неговите клишеа не се одгово."
Поврзано Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род Хомо деус: Кратка историја на иднината
Забелешки и наводи
Категорија:Книги од 2018 година Категорија:Дела на Јувал Ноа Харари Категорија:Книги за футурологија Категорија:Изданија на Три