Загорка Присаѓанец-Тодоровска — македонски поет, детски писател, раскажувач и преведувач, родена е 14 август 1930 во Прилеп, почина на 17 февруари 2013 во Скопје.
Животопис Загорка Присаѓанец-Тодоровска основното образование го стекнала во родниот Прилеп. Завршила Филолошки факултет на група книжевност и романска филологија во Скопје. Работела како професор по литература, како новинар во Радио Скопје и била уредник во образовната редакција во Македонската РТВ. Во МАНУ работела како виш стручен соработник за македонската литература. Член на Друштво на писатели на Македонија од 1992 годинаМакедонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.. Загорка Присаѓанец-Тодоровска била сопруга на македонскиот книжевник Гане Тодоровски.
Дела
- Преобразби, поезија, 1987;
- Штокче на рокче, поезија, 1990;
- поезија, Протокот на животот, 1992;
- Светот на дланка, поезија 1992;
- Нишан за Деспина, поезија, 2005.
Објавувала раскази, записи и јнижевни осврти во периодиката.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ