Сања Атанасовска (р. 21 декември 1985, Куманово) — македонска новинарка и поетеса.Шафране мој, поезија, Слово љибве - Буквибукс, Скопје, 2020
Животопис Родена на 21 декември 1985 година во градот Куманово. Стекнала гимназиско образование во нејзиниот мајчин град. Продолжила со нејзиното образование во Скопје.
Во 2015 година ја објавил збирката поезија „Писмото на десетте прсти“ која ја доби наградата Лесновски ѕвона за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година ја објавува електронската книга поезија „Тапија од животот“ на Фондација Македоника, а истата година ја доби и наградата Караманов за збирката поезија „Стаклена градина“. Стихозбирката има и аудио верзија. Во 2017 година го освоила третото место на книжевниот фестивал Панонски галеб во Суботица, Србија. Во 2019 година авторката била на книжевна резиденција во Цетиње, Црна Гора. Истата година Атанасовска ја објави збирката поезија „Шафране мој“ во издание на Слово љубве - букви букс од Скопје, а следната година ја објави стихозбирката „Афродита трча по ветерници“ кај истиот издавач. Во 2025 година излезе од печат стихозбирката „Хортензија на клада“. Поетесата објавува поезија во повеќе списанија во регионот и пошироко. Дел од нејзините песни се преведени на шпански, француски и српски јазик.
Дела
Писмото на десетте прсти, поезија, 2015 година: Тапија од животот, поезија, (електронска книга), 2017 година; Стаклена градина, поезија, 2017 година; Шафране мој, поезија, 2019 година; Афродита трча по ветерници, поезија, 2020 година Хортензија на клада, поезија, 2025 година
Награди
Наградата Лесновски ѕвона; Наградата Караманов; Третета награда на меѓународниот книжевни фестивал „Панонски галеб“ - Суботица
Наводи
Категорија:Македонски писателки Категорија:Луѓе од Куманово