Селиште Јаорец — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува населба од развиениот и доцниот среден век.
Се наоѓа на околу 3 км југоисточно од селото, заграден со местата со топонимите Бачилишта (исток), Јаоречка Река (запад), Козица (север) и долината Завој (југ). Зарамнетиот терен на ридестиот простор денес е запуштен и обраснат. На две места се забележуваат грамади од камења, а на едно место ѕид.
Поврзано Пештера Јаорец — блиска пештера, засолниште на ловци од палеолитот Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи