Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Јастребник. Претставува градиште од доцноантичко време. На десниот брег на Голема Река, во планинскиот предел, на висок рид со зарамнето плато, кој има површина од околу 50 × 60 м, се гледаат остатоци од мала тврдина. На површината има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069
Поврзано
Јастребник; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
Наводи