Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Кучичино. Претставува градиште од Доцната антика. На 3 км јужно од селото се издига висок рид со доминантна местоположба. На врвот има зарамнет простор со димензии од 100 × 70 м, ограден со остатоци од бедем зачуван во темелите, граден од кршен камен и варов малтер. По површината на градиштето се гледаат траги од неколку помали објекти, како и множество фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано

Кучичино; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи