Старо Село — археолошко наоѓалиште во кочанското село Пресека. Претставува населба од доцноантичко време. На падините од врвот Јарабар се наоѓаат остатоци од темели на градби, тули и, како што кажуваат мештаните, имало и гробови со конструкции од големи камени плочи. Многу години наназад оттаму се вадат тули за правење на фурни.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 181, ISBN 9789989101069

Поврзано

Пресека; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи