Гладница — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува населба од доцноантичко време.
На околу 2 км источно од селото, лево од патот за селото Брежани, по површината на самиот Гладнички трап се среќаваат камења кои служеле за градење. Западно од трапот, на просторот од Илоски Нивје се забележуваат две издолжени грамади од камења (должина околу 30 м и ширина околу 3-4 м) со присуство на фрагменти од градбена керамика. При обработувањето на земјата биле откривани бронзени и железни предмети, како и монети од доцноантичкиот период.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи