Манастириште — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува сакрален објект од средниот век.

На околу 4 км воздушна линија источно од селото, околу 2 км североисточно од наоѓалиштето Писан Камен и на околу 50 м лево од Јаоречка Река има зарамнет простор со димензии од 100 × 30 м. На средината се забележува грамада од камења со димензии од 20 × 10 м, а западната страна обилува со купишта камења кои укажуваат на постоење на урнат ограден ѕид. Околностите зборуваат за манастирски комплекс.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско

Наводи