Рокомија — археолошко наоѓалиште кај скопската населба Железара, Општина Гази Баба. Претставува осамен наод од римско време.
Се наоѓа во просторот меѓу Гази Баба, Камник, Кумановски пат и патот што води кон селото Црешево. Со земјоделските работи бил откриен гроб од IV век за чија конструкција се употребени четири надгробни стели со латински натписи.
Стелите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопје
Наводи