Кале (или Клепа) — археолошко наоѓалиште во велешкото село Двориште, Општина Градско. Претставува градиште од доцноантичко време.

На 1,5 км источно од селото, над десниот брег на реката што минува низ него има зарамнето плато со површина од околу 0,5 ха. На платото се гледаат ѕидови од камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи