„Ајде поминувам, заминувам“ — македонска народна песна од егејскиот дел на Македонија, првпат снимена во 1970-те од пејачката група „Бапчорки“ во состав: Лета Манева - Барџиева од село Бапчор (Костурско), Доца Доневска од село Бапчор (Костурско), Каланџева од село Дреновени (Костурско) и Лефтерија Шанкуша од село Саракиново (Воденско).

Во песната се споменува леринското село Бел Камен, како и убавата Грозда од која се бара да бојадиса две знамиња, едно за свадба, друго за борба.

Текст Ајде поминувам, мори, заминувам, на Бел Камен починувам, на Бел Камен починувам.

Ајде запитувам, мори, попитувам, дека седи калеш Грозда, дека седи калеш Грозда.

Ајде калеш Грозда, мори, калеш Грозда, калеш Грозда вапцарката, калеш Грозда вапцарката.

Ајде да ми вапца, мори, да ми вапца, да ми вапца два барјаци, да ми вапца два барјаци.

Ајде еден зелен, мори, еден зелен, еден зелен, другиот црвен, еден зелен, другиот црвен.

Ајде зелениот, мори, за на свадба, црвениот за на бојот, црвениот за на бојот.

Надворешни врски Ајде поминувам, заминувам во изведба на пејачката група „Бапчорки“, стара снимка, на Јутјуб Ајде поминувам, заминувам во изведба на пејачката група „Бапчорки“, 1994, во живо на МТВ, на Јутјуб

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни