Бранка Станковска (, во — ) — македонска радио и тв водителка. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски „Весник“, заедно со Благоја Крстевски, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Била една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.

Наводи

Категорија:Македонски водители Категорија:Македонски новинари Категорија:Луѓе од Скопје