Лозја — археолошко наоѓалиште во прилепското село Смолани. Претставува населба од римско време.

На околу 1 км западно од селото, на едно поголемо плато се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и друг градежен материјал, а се забележуваат и остатоци од темели на повеќе градби.

На стотина метри од ова место е наоѓалиштето Гробишта, кое претставува некропола од доцноантичко време.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско

Наводи